Подобрен квалитет и достапност до социјални услуги

Активностите од Резултат 4 ќе ја поддржат понатамошна деинституционализација на услугите за социјална заштита и ќе го зајакнат квалитетот и опсегот на услуги за лицата со посебни потреби и други ранливи групи. Ќе се подобри пристапот на ромската заедница до социјалната заштита, домувањето, образованието и здравјето. Акцијата ќе придонесе за спроведување на препораките презентирани во Извештајот за евалуација на Ромите. Концептот за инклузивно образование ќе биде операционализиран преку развивање на механизми за поддршка на деца и студенти од ранливи групи, како што се: деца и студенти од семејства со ниски приходи, студенти кои го напуштиле образованието (со фокус на жените, Ромите, други етнички заедници) и деца и студенти со посебни потреби и посебни образовни потреби. Ќе се воведат услуги за поддршка на иницијативи за социјални претпријатија кои ќе им помогнат да ја развиваат или имплементираат својата социјална мисија и стратегија.