Зајакнување на управување во секторот, рамката на политките и статистики

Активностите од Резултат 1 се насочени кон надградба на постојниот систем за предвидување и аналитички капацитети на водечките министерства во секторот „Образование, вработување и социјална политика“, како и унапредување на социјалниот дијалог. Собирањето на податоци во МТСП, МОН, АВРМ и институциите за социјална заштита ќе овозможи поголема релевантност и употреба на податоците за креирање политики, мониторинг на политиките и целите за информирање на граѓаните. Дијалогот со социјалните партнери ќе биде унапреден и фокусиран на клучните теми каде ќе се изработи на практични работни решенија за подобрувања, како што се здравјето и безбедноста при работа, итн.