Почетен датум: 1 септември 2011
Краен датум: 15 мај 2013
Буџет за проект: € 1.806.294,73
Договорна страна: Agency for European Integration and Economic Development (AEI), Austria, c/o Austrian Federal Ministry of Finance
Крајни корисници: Министерство за труд и социјална политика (МТСП), Сектор за труд, и Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ)
Генерална цел:
Да се развијат капацитетите за долгорочно предвидување на пазарот на труд и да се изградат капацитетите за мониторинг и евалуација на политиките за вработување.
Специфична цел:
Да се зајакнат капацитетите и да се развијат вештините на сите релевантни чинители, по однос на долгорочното предвидување, како и мониторинг и евалуација на политиките и програмите, преку градење на систем за долгорочно предвидување на пазарот на труд и одржлив темелен систем за следење и оценка на политиките за вработување во земјата.
Очекувани резултати:
Компонента 1: Развој на долгорочно предвидување на пазарот на труд преку градење за капацитетите за предвидување во Министерството за труд и социјална политика
Задолжителен резултат 1: Воведено долгорочно предвидување на пазарот на труд преку поддршка на Министерството за труд и социјална политика во градење на нивниот општ систем за предвидувања.
Задолжителен резултат 2: Зајакнати аналитички капацитети на Министерството за труд и социјална полиика по однос на долгорочното предвидување на пазарот на труд.
Компонента 2: Подобрување на капацитетите и вештините на телата, институциите и социјалните партнери за мониторинг и евалуација на политиките и програмите за вработување.
Задолжителен резултат 3: Развиен општ систем за мониторинг и евалуација на политиките за вработување.
Задолжителен резултат 4: Подобрен и развиен капацитет на Министерството за труд и социјална политика и останатите чинители за мониторинг и евалуација на политиките и програмите во областа за вработување.
Задолжителен резултат 5: Целосна и активна улога на социјалните партнери за мониторинг и евалуација на политиките и програмите за вработување.
Целни групи:
Вработени лица во Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Сектор за труд, и Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ), работодавачи и невработени лица, социјални партнери, итн.
Клучни активности на проектот:
Твининг поддршката обезбедена преку пренос на специфично знаење се спроведе преку:
Компонента 1: Развој на долгорочно предвидување на пазарот на труд преку градење за капацитетите за предвидување во Министерството за труд и социјална политика
Следните активности се спроведоа:
- Оценка на капацитетите и потребите и идентификување на недостатоци;
- Пишан документ од дискусија за долгорочно предвидување во тесна соработка со сите засегнати страни;
- Дизајнирање на систем за долгорочно предвидување на пазарот на труд, преку дефинирање на нивните цели, методи и техники, институционална рамка, исл.;
- Воведување и поставување на дизајниран систем за долгорочно предвидување;
- Придонес во подготовка на технички спецификации и работни задачи поврзано со набавка на опрема за информатичко-компјутерска поддршка во насока за воспоставување на модел за долгорочно предвидување;
- Обука на професионалците за долгорочно предвидување на пазарот на труд, со посебен фокус на недостатоците поврзани со постојните неусогласености помеѓу образовниот систем и потребите на пазарот на труд;
- Градење на капацитетот на Министерството за труд и социјална политика за спроведување анализи и истражувања на пазарот на труд со долгорочна перспектива;
- Зајакнување на меѓуинституционалната соработка и координација во однос на размената на податоци и долгорочно предвидување на пазарот на трудот;
- Развој на соработката со социјалните партнери по однос на долгорочното предвидување.
Компонента 2: Подобрување на капацитетите и вештините на телата, институциите и социјалните партнери за мониторинг и евалуација на политиките и програмите за вработување
Следните активности се спроведоа:
- Оценка на постојниот систем по однос на мониторинг и евалуација (цели, методи и техники, процедури, институтционална рамка, анализа на податоци, исл.);
- Идентификување на специфичните предизвици и одредување на специфични потреби;
- Дизајнирање на сеопфатен систем за мониторинг и евалуација на политиките и програмите за вработување во согласност со барањата на Европската стратегија за вработување;
- Воведување индикатори врз основа на EMCO индикаторите потребни во насока за исполнување на европските обврски кои произлегуваат од Европската стратегија за вработување;
- Целосно инкорпорирање на интегрираните насоки за раст и работни места во Националната стратегија за вработување;
- Имплементација на дизајниран систем за мониторинг и евалуација;
- Обука на институциите и засегнатите страни за мониторинг и евалуација на политиките и програмите;
- Дефинирање на улогата на социјалните партнери по однос на мониторинг и евалуација;
- Подобрување на техничките/ аналитичките капацитети на социјалните партнери за мониторинг и евалуација на политиките и програмите на централно и локално ниво;
- Зајакнување на вклучувањето на социјалните партнери во однос на мониторинг и евалуација на политиките и програмите за вработување на централно и на локално ниво.
