Помошта од ЕУ, обезбедена преку Компонентата за развој на човечките ресурси, има за цел да придонесе кон исполнување на планираните реформи во областите вработување и социјална инкузија во насока за понатамошно стекнување со членство во ЕУ.
Брошурата „Поттикнување социјална инклузија” е приказ на значителен дел од проектите финансирани во рамки на двете програми на грантови „Поттикнување социјална инклузија” и „Социјална инклузија и вработување на локално ниво”.
Презентираните проекти и области на финансирање во брошурата се дадени преку посебни технички детали и потенцирање на резултатите со кои се даваат подобри можности за унапредување на вклученоста на жените и лицата со попречености во неполна положба на пазарот на труд и за другите маргинализирани лица и групи во општеството.