Целта на Акцијата на ЕУ за поддршка на образованието, вработувањето и социјална политика е двојна: да се зајакне креирањето на секторската политика и да се поддржи имплементацијата на националните стратегии за вработување, образование и социјална инклузија.
Оваа акција ќе придонесе за намалување на високата стапка на невработеност, зголемување на учеството на пазарот на труд, особено на младите луѓе и жените, зголемување на пристапот до квалитетно образование и обуки, подобрување на вештините и воспоставување на модерен и флексибилен систем за социјална заштита.
Поконкретно, акцијата има за цел да ги постигне следните клучни резултати:
Резултат 1: Зајакнување на управувањето во секторите, рамката на политики и статистиката.
Резултат 2: Правичен пристап до квалитетно инклузивно образование на сите нивоа.
Резултат 3: Подобрена можност за вработување и пристап до пазарот на труд и пристојна работа.
Резултат 4: Подобрен квалитет и достапност на социјалните услуги.