Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија ја потпишаа Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2019 година на 5 март 2020.
Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2019 година се состои од четири акции.
Акциите 3 „ЕУ за МЛАДИ“ и 4 „ЕУ за ВКЛУЧЕНОСТ“ предвидуваат поддршка за политиките на земјата во секторот „Образование, вработување и социјална политика“.
Целите на акцијата се насочени да придонесат во напорите на Владата за спроведување секторска реформа за подобрување на состојбите за вработување на жените и мажите.
Вкупната вредност на Акцијата 3 „ЕУ на Млади“ е 16,5 милиони ЕВРА, од кои:
– 15 милиони ЕВРА се директна секторска буџетска поддршка на Буџетот на РСМ за имплементација на политиките за вработување и образование преку годишни транши во периодот 2020-2023, и
– 1,5 милиони ЕВРА се комплементарна техничка поддршка за јакнење на капацитетите на релевантните институции за спроведување на секторските реформи (при што договорен орган е Делегацијата на Европската Унија).
Документи:
Финансиска спогодба – Посебни услови
Анекс 1 ИПА 2019 Годишна акциска програма