Финансиската помош во рамките на ИПА II 2014-2020 за секторот „Образование, вработување и социјална политика“ е насочена да допридонесе кон поголем социјален развој преку поддршка на поинклузивен и поефективен пазар на трудот; зголемување на пристапот до квалитетно образование и обука, за подобро усогласување на вештините со потребите на работодавците; воспоставување модерен, флексибилен систем на социјална заштита со поголема социјална вклученост; и зајакнување на професионалните организации.
Целокупната финансиска поддршка во посебни акции прикажана во следната табела: