Секторска работна група „Образование, вработување и социјална политика“

Секторската работна група (СРГ) за секторот „Образование, вработување и социјална политика” е форум за меѓуресорска соработка со мандат за спроведување на задачите на експертско ниво по однос на формулирање и спроведување на националните секторски политики, вклучувајќи ги и оние кои се релевантни за интеграција во ЕУ, користење на донаторската развојна помош и особено ИПА програмите на ЕУ.

Како координативно тело на експертско ниво за подготовка на националните стратешки документи и развојни програми во секторот (плански документи), СРГ има надлежности поврзани со формулирањето и имплементацијата на националните политики, и тоа:

a)    елаборира предлози за содржината на секторските и меѓу-секторските политики, стратегиите и програмите за развој;

b)    обезбедува следење и оценка на напредокот во спроведувањето на Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика (ЕСРП), подготовка и разгледување на извештаите за имплементацијата и остварениот напредок;

c)    извршување задачи поврзани со процесот на мониторинг и известување за напредокот во секторот;

d)   обезбедува подготовка на нацрти на релевантните плански документи;

e)    придонесува во идентификувањето, формулација и приоритизирањето на развојните цели, мерки и проекти за спроведување на националните политики и стратегии во секторот;

f)     ја поддржува работата на органите надлежни за спроведување на секторските политики, стратегии и програми, во советодавна функција;

g)   делува со учество на партнерските организации – т.е. социјалните партнери, локалните власти и репрезентативни организации на граѓанското општество – како комитети за следење на планските документи кои се однесуваат на секторот.

Со цел да се обезбеди целосна интеграција и синергија помеѓу националните политики на Владата, како и користењето на странската/ развојната помош од донатори и кредитори од меѓународните финансиски институции и банки за Република Северна Македонија, СРГ врши меѓуресорска координација за програмирање, следење и евалуација на странската/ донаторската помош, по однос на националните стратегии.

Дополнително, во врска со работата на Националниот инвестициски комитет (НИК), СРГ врши работи во согласност со Методологијата за идентификација, подготовка и избор за финансирање на секторски инфраструктурни инвестициски проекти усвоена од Владата на Република Северна Македонија.

Исто така, кога е потребно, на барање на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) или на соодветната работна група за Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), СРГ ја поддржува подготовката и следењето на НПАА, или други работи во врска со интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ.

 
Повеќе информации и документи за СРГ на следниот линк:

http://mtsp.gov.mk/srg-obrazovanie-vrabotuvanje-i-socijalna-politika.nspx