Преглед

Инструмент за претпристапна помош – ИПА

Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот на активности за надворешни односи на Европската Унија (ЕУ). ИПА, како и останатата поддршка од тој пакет, дава можност за рационализирање и поедноставување на постапките на Европската Комисијата (ЕК) и подобрување на кохерентноста и координираноста во активностите на ЕК.

Основната цел при воспоставувањето и функционирањето на ИПА беше да се подобри целокупната претпристапна помош, под една единствена рамка, и да се обединат под иста регулатива земјите кандидатки за членство во ЕУ (Хрватска, Турција, и Македонија) и земјите потенцијални кандидатки за членство во ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора).

Со ова, ИПА ги замени дотогашните инструменти: Помошта за Полска и Унгарија за економска реконструкција (ФАРЕ), Претпристапниот инструмент за структурни политики (ИСПА), Специјалната претпристапна програма за земјоделство и рурален развој (САПАРД) и Претпристапниот инструмент за Турција, како и Помошта на Заедницата за реконструкција, развој и стабилност (КАРДС).