ИПА структури и органи на национално ниво
Владата на Република Северна Македонија воспостави систем за управување и контрола во согласност со рамката за внатрешна контрола опишана во Анекс Б од Рамковната спогодба за ИПА II (РС ИПА II).
Структурите и надлежните органи кои се одговорни за управување, контрола, супервизија, мониторинг, евалуација, известување и внатрешна ревизија според регулативата ИПА II, се следните:
– Национален координатор за ИПА,
– Национален службеник за авторизација, структура за управување;
– Оперативни структури во Министерството за образование и наука (МОН) и во Министерството за труд и социјална политика (МТСП);
– Ревизорско тело за ИПА.
Национален координатор за ИПА
Националниот координатор за ИПА (НИПАК) ја има целокупната одговорност за кохерентност и координација на акциите или програмите поддржани од ИПА II. НИПАК треба да обезбеди партнерство со Комисијата и тесна врска помеѓу општиот процес на пристапување и употребата на помошта дадена според ИПА II.
Заменикот на Претседателот на Владата одговорен за енроспки прашања е назначен како НИПАК. Секторот за координација на фондовите на ЕУ и друга странска помош во рамките на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) работи како канцеларија на НИПАК.
Покрај функциите и одговорностите согласно членовите 6 (2), 16 (2), 59 и 75 од РС ИПА II, каде што задачите за спроведување на буџетот се доверени на корисникот на ИПА II, НИПАК презема мерки за да обезбеди дека поставените цели во активности или програми за кои што се доверени задачите за спроведување на буџетот, соодветно се опфатени при спроведувањето на помошта за ИПА II.
Национален службеник за авторизација
Националниот службеник за авторизација (НАО) ја сноси целокупната одговорност за финансиското управување со ИПА II помошта за обезбедување на законитост и регуларност на трошоците. НАО е особено одговорен за:
– управување со сметки на ИПА II и финансиските операции;
– ефикасното функционирање на системите за внатрешна контрола за спроведување на ИПА II помошта во согласност со Анекс Б на Структурата за управување со СП ИПА II.
Структурата за управување е составена од Национален фонд во Министерството за финансии (МФ) и канцеларија за поддршка на НАО. Задачите и одговорностите на Националниот фонд и канцеларијата за поддршка се соодветно одделени.
Националниот фонд одговара пред НАО и се наоѓа во министерство на национално ниво на корисникот на ИПА II со централна буџетска надлежност и делува како централен трезорски ентитет. Го поддржува НАО во исполнувањето на задачите, особено оние за управување со сметките на ИПА II и финансиско работење наведени во точка 2 (3) од Анекс А од СП ИПА II и е надлежна за задачи за финансиско управување со ИПА II помошта, под одговорност на НАО.
Националниот фонд (НФ) е особено надлежен за:
– одржување и организирање на централните банкарски сметки за ИПА;
– барања за средства и примање на сите плаќања од буџетот на Унијата;
– овластување на трансфер на таквите плаќања во оперативните структури или до примателите;
– враќање на средства во буџетот на Унијата по налозите за наплата издадени од Комисијата;
– го поддржува НАО во подготовката на финансиското известување до Комисијата;
– функционирање на оперативен информатички базиран систем за пресметковно- сметководствени записи кој обезбедува навремено точни, целосни и доверливи информации.
Оперативна структура
Оперативната структура е воспоставена, во рамките на администрацијата на корисникот на ИПА II со цел да се подготви, имплементира и управува со ИПА II помошта.
Оперативната структура е одговорна за подготовка, имплементација, информирање и видливост наведени во членовите 23 и 24 од СП ИПА II, за набудување и известување за програмите и проценка за истите, соодветно, во согласност со принципот на темелно финансиско управување. Таа е одговорена за обезбедување на законитоста и регуларноста на трошоците направени во спроведувањето на програмите што се под нејзина одговорност.
Оперативната структура е структура одговорна за подготовка, имплементација и управување со ИПА II програмите и е составена од Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) во рамките на Министерството за финансии (МФ), како договорен орган (ДО) со назначен за Раководител на Оперативната структура (РОС) и Оперативната структура за ИПА во рамките на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Министерството за образование и наука (МОН), кои се состојат од ИПА координатори и релевантни единици за ИПА.
ИПА Координаторот (ИК) е официјално назначен државен службеник во рамките на институцијата корисник (МОН и МТСП), кој е одговорен за програмирање и следење на постигнувањето на релевантните резултати од Акциската програма за образование, вработување и социјална политика и овоможување дека техничкиот аспект на подготовката и имплементацијата на програмата и акциите се спроведуваат на ефективен и навремен начин.
За спроведување на неговите / нејзините задачи, ИК во Министерството за образование и наука (МОН) е поддржано од две ИПА единици во рамките на МОН, кои задачи се дефинирани во Актот за систематизација на МОН за работни места:
– Одделение за координација и имплементација на ИПА;
– Одделение за програмирање, мониторинг и евалуација на ИПА.
За спроведување на неговите / нејзините задачи, ИК во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) е поддржано од две ИПА единици во рамките на МТСП, кои задачи се дефинирани во Актот за систематизација на МТСП за работни места:
– Одделение за координација и имплементација на финансиски инструменти на ЕУ;
– Одделение за мониторинг и евалуација на ИПА.
Ревизорско тело за ИПА
Ревизорското тело за ИПА спроведува ревизии на системите за управување и контрола, активности, трансакции и годишни сметки во согласност со меѓународно прифатените ревизорски стандарди и во согласност со стратегијата за ревизија.