Стратешките приоритети се двонасочни: да се зајакне секторското креирање на политики и да се поддржи имплементацијата на националните стратегии за вработување, образование и социјално вклучување.
Оваа акција е заснована врз резултатите и приоритетите за финансиска помош дефинирани во Индикативната стратегија 2014-2020 година. Акцијата придонесува за поинклузивен и поефективен пазар на трудот преку финансирање на програми и услуги за вработување, со модернизирање на начинот на кој Агенцијата за вработување ги испорачува своите услуги, со зајакнување на институциите на пазарот на трудот, на пр. минимална плата, заштита при вработување, родова еднаквост и социјален дијалог. За подобрување на усогласеноста помеѓу страната на побарувачката и понудата со вештини, Акцијата го унапредува во предвидувањето на вештините на пазарот на трудот од страна на надлежните институции. Понатаму, системот за социјална заштита е модернизиран со забрзување на воспоставувањето на вонинституционални услуги за социјална заштита за лицата со посебни потреби и за испорака на интегрирани и насочени решенија за најранливите категории, како што се Ромите. Надградбата на квалитетот на информациите во административните бази на податоци и вкрстено-поврзување на информации од различни извори ги подобруваат статистичките показатели за поддршка за подобрено креирање политики. Целните подобрувања во квалитетот на наставата ја зајакнуваат вклученоста во задолжителното образование и привлечноста во средното стручно образование и образованието на возрасни.
Главната цел на акцијата е да се подобри ефективноста на политиката во земјата во секторите образование, вработување и социјално вклучување.
Специфичната цел на акцијата е да се намали високата стапка на невработеност, да се зголеми учеството на пазарот на трудот, особено на младите луѓе и жените, да се зголеми пристапот до квалитетно образование и обука, да се подобрат вештините и да се модернизира системот за социјална заштита.
Следните клучни индикатори за изведба се применуваат за да се измери постигнувањето на целта:
– Број на лица во работен однос, вклучително и самовработување 6 месеци по користње од програми или услуги за вработување во оваа акција;
– Процент на ран одлив од образование и обука: процент на население на возраст од 18-24 години со најмногу ниско средно образование и кои не се во понатамошно образование и обука;
– Намалени стапки на напуштање (сегрегирани податоци за основно, средно образование – гимназија, стручно образование и обука);
– Број на лица кои имаат корист од вонинституционални (алтернативни) социјални услуги засновани во заедницата;
– Стапка на густина на синдикатот и стапка на густина на организациите на работодавачи.
Сите проекти финансирани во рамките на оваа акција придонесуваат за постигнување на следниве директни очекувани резултати:
Резултат 1 – Зајакнато управување со секторот, рамката на политики и статистика;
Резултат 2 – Еднаков пристап до квалитетно инклузивно образование на сите нивоа;
Резултат 3 – Подобрена вработливост и пристап до пазарот на трудот и пристојна работа;
Резултат 4 – Подобрен квалитет и достапност до социјалните услуги.