Секторски реформски договор за 2019 – „ЕУ за Млади“

Целите на акцијата се да придонесе во напорите на Владата за спроведување секторска реформа за подобрување на состојбите за вработување на жените и мажите.
Договорот за секторската реформа ќе го поддржи постигнувањето на следниве приоритети на Програмата за вработување и социјална реформа:
1) Пазар на трудот и вработување;
2) Човечки капитал и вештини.
Специфичните цели на акцијата преку сет на активности ќе овозможат подобрување на квалитетот, релевантноста и инклузивноста на националниот систем за стручно образование и обука, и подборување можностите за вработување на млади жени и мажи.
Финансиска рамка и модалитети на имплементација
Вкупната вредност на Акцијата 3 „ЕУ на Млади“ е 16,5 милиони ЕВРА, од кои:
– 15 милиони ЕВРА се директна секторска буџетска поддршка на Буџетот на РСМ за имплементација на политиките за вработување и образование преку годишни транши во периодот 2020-2023, и
– 1,5 милиони ЕВРА се комплементарна техничка поддршка за јакнење на капацитетите на релевантните институции за спроведување на секторските реформи (при што договорен орган е Делегацијата на Европската Унија).
Одговорностите за спроведување во врска со секторскиот реформски договор и техничката помош треба да бидат споделени помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука.
Финансиско извршување на секторскиот реформски договор е обврска на Министерство за финансии.
Резултати и индикатори за следење на секторската буџетска поддршка
Акцијата „ЕУ за Млади“ спроведувана преку секторски реформи договор треба да придонесе кон постигнување на три резултати во областите образование, вработување и пазар на труд.
Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, како и Агенцијата за вработување на РСМ, Центарот за средно стручно образование, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат, Државниот завод за статистика и младинските граѓански организации, се носители (корисници) на оваа акција.
Договор за секторска реформа ќе придонесе за постигнување на следниве очекувани резултати:
1) подобрена понуда на акредитирани програми и даватели на обука за стручно образование;
2) усогласени надлежности на персоналот на регионалните центри за стручно образование и обука со плановите за развој на човечки ресурси и критериумите за акредитација;
3) имплементирана Гаранција за млади.
Директните резултати од Договорот за поддршка на секторската реформа и дополнителната поддршка вклучуваат:
– подобрен дијалог за политиката за реформи во секторот;
– подобрен систем за мониторинг на реформите во секторот;
– подобрен капацитет на Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика за координација, спроведување и следење на агендата за реформа во образованието, вработувањето и социјалната политика со посебен акцент на Договорот за на секторската реформа „ЕУ за млади“ и Пограмата за поддршка на буџетот на ЕУ генерално;
– зголемена свесност за реформите во секторот образование, вработување и социјална политика помеѓу главните засегнати чинители, како и пошироката јавност во целина.
Клучните индикатори за следење на изведбата вклучуваат:
– Стапка на вработеност на младите лица во (15-29);
– Стапка на лица кои рано го напуштаат образованието и обуката по пол (18-24);
– Процент на учесници кои успешно завршиле Гаранција за млади (излезно ниво), дисагрегирани по род (како % од лицата кои не се во образование, вработување или обука, вклучени во Гаранција за млади);
– Регионални Центри за стручно образование и обука основани во североисточниот, северозападниот и јужнозападниот регион;
– Број на квалификации за стручно образование и обука отворени за валидација на неформалното и информалното учење;
– Процент на персоналот на регионалните Центри за стручно образование и обука обучени во согласност со плановите за развој на човечки ресурси/ Процент на персонал во регионалните Центри за стручно образование и обука обучени да работат со студенти со посебни потреби;
– Број на учесници запишани во Гаранција за млади (ниво на влез), дисагрегирани по род;
– Број на обучени лица за Гаранција за млади, дисагрегирани по род;
– Број на центри на услуги на Агенцијата за вработување модернизирани во трите таргетирани региони.

ИПА 2019 МК СРД ЕУ за Млади