ИПА II 2014-2020

Во рамки на ИПА II, финансиската поддршка е достапна за земјите кандидати, без оглед на нивниот статус и се спроведува преку насочување кон највисоката цел на пристапување и голем број на специфични цели. Стратешкото планирање е во форма на сеопфатни стратегии што го покриваат целиот период со среднорочен преглед.

Релевантната регулаторна рамка се состои од Регулативата за Инструментот за претпристапна за помош (ИПА II) заедно со двата дополнителни акти, Заедничките правила и процедури за спроведување на инструментите на Унијата за финансирање на надворешно дејствување (наведени како Заедничка регулатива за спроведување – ЦИР) и Финансиската регулатива (FR).

Во поширок контекст на инструментите за надворешна акција на ЕУ, Заедничката регулатива за спроведување (CIR) (бр. 236/2014 донесена на 11.3.2014 година) е збир на поедноставени и усогласени правила и постапки за спроведување применливи за ИПА II, како и за другите три географски инструменти (DCI, ENI и PI) и тематски инструменти на надворешно дејстување на ЕУ (IfS, EIDHR и INSC).

Во поглед на идните пристапувања, ЕУ продолжува да им овозможува техничка и финансиска помош на корисниците за поттикнување на растот и одржливоста. Регулатива за спроведување на ИПА II (бр. 447/2014 донесена на 2.5.2014 година) ја утврдува главната законодавна рамка за Инструментот за претпристапна помош II. Регулативата за спроведување на ИПА II служи за комплетирање на правната рамка за ИПА II со воведување на специфични правила за воспоставување униформни услови, особено во однос на системите за управување и контрола под индиректно управување од страна на Корисниците на ИПА II; финансиски менаџмент; следење, евалуација и известување; транспарентност и видливост; прекугранична соработка, како и земјоделството и руралниот развој. Анексите кон Регулативата за ИПА II вклучуваат 1) список на корисници, 2) тематски приоритети за помош и 3) тематски приоритети за помош за територијална соработка.

Финансиската регулатива (ФР) (бр. 966/2012 донесена на 25.10.2012 година) е главната точка на референца за принципите и процедурите со кои се регулира воспоставувањето и спроведувањето на буџетот на ЕУ и контролата на финансиите на Европската унија.

ФР (применлива од 1.1.2013 година) е дополнета со Правилник за апликација (RAP) (бр. 1268/2014 донесен на 29.10.2012 година) кој содржи подетални и технички правила, кои се од суштинско значење за секојдневно спроведување на ФР. Од особено значење за програмирање се одредбите за основните елементи на Одлуката за финансирање (цели, резултати, вкупен износ и сл.) и основните елементи на акцијата (за грантови, за набавка, за финансиски инструменти, итн.).

Европската комисија и секојa земја корисник на ИПА II склучуваат Рамковна спогодба (РС) за целиот период на програмирање. РС утврдува специфични одредби за управување, контрола, супервизија, мониторинг, евалуација, известување и ревизија на финансиската помош. РС исто така транспорнира во правниот поредок на земјата корисник релевантни одредби од регулаторната рамка на Унијата. ИПА II помошта може да се додели на земјата корисник само откако ќе стапи во сила Рамковната спогодба.

Врз основа на оваа правна рамка, Европската комисија и Република Северна Македонија, како корисник на претпристапна помош, склучија Рамковна спогодба,  со цел да се утврдат и договорат правилата за соработка во врска со финансиската помош.

Рамковната спогодба се применува на сите договори за финансирање потпишани во периодот на програмирање 2014-2020 година.

Европската комисија и Република Северна Македонија склучија Договори за финансирање за секоја акциска програма. Договорите за финансирање ги содржат детално, меѓу другото, условите со кои се управува со ИПА II помошта, вклучително и применливите методи на спроведување, интензитетот на помошта, роковите за спроведување, како и правилата за подобноста на трошоците. Под индиректно управување од страна на корисникот на ИПА II, Договорот за финансирање ги вклучува потребните одредби од член 40 од Делегираната регулатива (ЕУ) бр.1268 / 2012.

Индикативните стратешки документи за земјата (CSP) и индикативните стратешки документи за повеќе држави (MCSP) се главните документи за стратешко планирање од кои произлегуваат приоритетите и целите на одделните програми.

Индикативните стратешки документи (ISP) се акти за имплементација (чл. 291 TFEU) усвоени од Европската комисија по мислењето на Комитетот за ИПА II. Улогата на Стратешките документи за земјата е да постават рамка за финансиска помош во текот на периодот 2014-2020 година, да го подготват теренот за акциски програми, да ги идентификуваат приоритетите и секвенците за реформите и инвестициите и да обезбедат кохерентен и постојан пристап во согласност со агендата за проширување. Планирањето на финансиска помош, наведена во Индикативниот стратешки документ за земјата ја претставува стратегијата на Европската комисија за користење на фондовите на ЕУ за Република Северна Македонија, како корисник на ИПА II.

Слично на тоа, Индикативните стратешки документи за повеќе држави ги дефинираат приоритети и услови за постигнување на регионално ниво на мулти-корисничките програми и програми за територијална соработка.

Другите важни референтни документи вклучуваат национални планови за државите и секторски стратегии каде што тие се компатибилни со претпристапните цели, со применет Секторски пристап.