ИПА I 2007-2013 – ОПРЧР

ПОВЕЌЕГОДИШНА ОПЕРАТИВНА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ 2007-2013

Повеќегодишната оперативна програма “Развој на човечките ресурси” (во понатамошниот текст: ОП РЧР) на Република Македонија е документ за имплементација на националните и европските стратешки приоритети, подготвен во согласност со новиот Инструмент за предпристапна помош (ИПА) воспоставен со Регулативата  бр. 1085/2006 (EЗ) на Советот од 17 јули 2006 година. Таа претставува рамка на средства кофинансирани преку Инструментот за претпристапна помош и националниот буџет за програмскиот период 2007-2013 година, со три програмски рамки со финансиски навестувања за периодите 2007-2009, 2010-2011 и 2012-2013 година, за целата територија на земјата.

Стратешка цел на ИПА компонентата за развој на човечките ресурси е да се поттикне развојот на човечките ресурси, особено преку подобрување на квантитетот и квалитетот на човечкиот капитал, што води кон повеќе и подобри работни места, повисок раст и развој и поголема национална конкурентност на меѓународно ниво.

Целта на Оперативната програма “Развој на човечките ресурси” е дефинирана врз основа на социо-економска анализа на полето на развојот на човечкиот капитал и вклучува стратегија за дефинирање на приоритетите и целите, како и опис на приоритетите и мерките. Таа е насочена кон надминување на следниве утврдени слабости:

  • Ниска вработеност и висока невработеност, особено долгогодишна невработеност;
  • Зголемување на невработеноста на загрозените групи на пазарот на труд (етничките заедници кои не се мнозинство во земјата (во понатамошниот текст “етнички заедници“), жените, лицата со посебни потреби, младите и постарите лица) и нивната изложеност на социјално исклучување;
  • Несовпаѓање помеѓу релевантните образовни профили и потребите и побарувањата на пазарот на трудот;
  • Рано напуштање на училиштето, високо ниво на неписменост меѓу возрасните;
  • Ниско ниво на финансирање на активните политики за вработување.

ИПА компонентата за развој на човечки ресурси ја поддржува Република Македонија во развојот на политиките, како и во подготовката на имплементацијата и управувањето на кохезионата политика на Советот, а особено на Европскиот социјален фонд.  Компонентата за развој на човечки ресурси од повеќегодишен индикативен плански документ 2007-2009 дава три приоритети:

  • Вработување – Привлекување и задржување на повеќе луѓе на пазарот на труд;
  • Образование и обука – Инвестирање во човечки капитал преку подобро образование и обука;
  • Социјално вклучување – Промовирање на вклучувачки пазар на труд.

Има два повеќегодишни документа за програмирање во областа на компонентата за развој на човечки ресурси: Стратешка кохерентна рамка и самата ОП РЧР. И двата документа ги покриваат трите области за интервенција за периодот 2007-2013: вработување, образование и обука и социјално вклучување.

Оперативната програма “Развој на човечките ресурси” 2007-13 беше подготвена од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Министерството за образование и наука (МОН) во тесна соработка со сите релевантни агенции и институции, вклучувајќи ги и социјалните партнери и невладините организации. Активното учество на сите засегнати страни, осигурува сопственост и обврзаност кон програмата, како неизбежен услов за успешна имплементација.

Оперативната програма се имплементира преку децентрализиран менаџмент, а управувана преку оперативна структура воспоставена во рамките на Министерството за финансии. Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, кои се одговорни институции за програмирање и техничка имплементација на Програмата. Помошта во рамки на компонентата за развој на човечки ресурси се имплементира по завршувањето на акредитацијата на националната ИПА структура.

ОПРЧР 2007-2013

ОПРЧР 2007-2013 Прва ревизија

ОПРЧР 2007-2013 Втора ревизија