Почетен датум: 10 февруари 2015
Краен датум: 10 мај 2016
Буџет за проект: € 170.000,00
Договорна страна: MI-DA Grant Motors
Краен корисник: Државен инспекторат за труд (ДИТ)
Општа цел:
Да се подобри ефективноста и ефикасноста во борбата против непријавената работа во земјата преку зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат за труд (ДИТ).
Специфична цел:
Да се набават, испорачаат, постават, инсталираат и стават во функција набавките од 20 возила.
Очекувани резултати:
Зајакнати капацитети на ДИТ по однос на нивните работни задачи во борбата против непријавената работа.
Целна група:
Релевантниот персонал од Државниот инспекторат за труд (централната канцеларија и локалните канцеларии).
Клучни проектни активности:
Набавка, испорака, поставување, инсталација и ставање во функција на набавките во Централната канцеларија на ДИТ и локалните канцеларии на ДИТ на целата територија на земјата.