“Унапредување на услугите за социјална вклученост” EuropeAid/135847/IH/SER/MK

Почетен датум: 15 јули 2015

Краен датум: 15 јули 2017

Буџет на проектот: € 1.366.250,00

Договорна страна: WYG International Ltd во конзорциум со ESEP Limited (UK) и WYG Consulting Ltd (HR)

Крајни корисници:   Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

Генерална цел:

Да се ​​подобри системот, услугите и професионалните капацитети за социјално вклучување на маргинализираните мажи и жени и промовирање на еднаквите можности на пазарот на трудот.

Специфични цели:

  • Да се ​​развијат и спроведат услуги за професионална рехабилитација и лична поддршка за поинтензивна и квалитетна интеграција на лицата со посебни потреби на пазарот на трудот.
  • Да се ​​подобри испораката и следењето на услугите за ранливите групи, преку понатамошна автоматизација на деловните процеси во институциите за социјална заштита и олеснување на размената на податоци меѓу надлежните институции.

Очекувани резултати:

  • Дизајнирани, тестирани и воведени стандардизирани услуги за стручна рехабилитација на лицата со посебни потреби за нивна успешна интеграција на пазарот на трудот;
  • Изграден капацитет на професионалците во областа на професионална рехабилитација за директна работа со лица со посебни потреби;
  • Воспоставена соработка помеѓу организациите за социјална заштита, вработување и образование за спроведување на професионална рехабилитација;
  • Дизајнирани, тестирани и воведени услуги за лична поддршка за поттикнување на вработувањето и економската самостојност на лицата со посебни потреби;
  • Надграден постоечки софтвер за услугите за социјална заштита со нови функционалности и измена на постојните функции и интензивирана размена на податоци меѓу институциите од областа на социјалната заштита.

Целни групи:           

  • Релевантен персонал во Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа, Институтот за социјална политика, Заводот за социјални дејности, институции за згрижување, специјални училишта и други даватели на обуки и образование, Агенцијата за вработување, академици, локални власти, бизнис заедниц, социјални партнери, невладини организации и особено организациите кои ги претставуваат луѓето со посебни потреби, како и други релевантни засегнати страни;
  • Постоечки практичари заштита и потенцијалните даватели на лична поддршка, особено на невработените лица вклучувајќи ги и оние со искуство во обезбедување на социјални услуги.

Клучни активности во проектот:

Проектот се состои од три компоненти:

  • Компонента 1: Промовирање на професионална рехабилитација и вработување на лица со посебни потреби;
  • Компонента 2: Воведување услуги за лична поддршка за лица со посебни потреби;
  • Компонента 3: Надградба на постоечкиот информатичко-компјутерски систем за следење и вмрежување.

КОМПОНЕНТА 1:

ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА И ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Под-компонента 1: Дизајнирање систем за квалитетна професионална рехабилитација на лицета со посебни потреби

  • Developing training programmes and competences certification for professionals providing vocational rehabilitation services.
  • Подготовка на предлог на соодветен модел за професионална рехабилитација за земјата.
  • Организирање на студиска посета во земја-членка со добро искуство во услуги за професионална рехабилитација, особено во стандарди за квалитет.
  • Дизајнирање стандарди за професионална рехабилитација за лица со посебни потреби.
  • Развој на програми за професионална рехабилитација и вработување.
  • Развивање на програми за обука и сертификација на компетенции за професионалци кои даваат услуги за професионална рехабилитација.

Под-компонента 2: Имплемнтирање систем за професионална рехабилитација:

  • Дизајнирање и спроведување на пилот активности во избрани дневни центри и/ или други организации за тестирање и оценка на ефикасноста на предложениот систем.
  • Подготовка на измени на законската рамка, насоки и процедури каде што е потребно за спроведување на професионална рехабилитација.
  • Обука/ преквалификација на професионалци според развиени програми за обука.
  • Воведување на нов систем во други дневни центри и/ или други потенцијални даватели преку нивно водење за да ги спроведат неопходните активности за спроведување на услуги за професионална рехабилитација.
  • Евалуација на просторната инфраструктура и опрема во дневните центри за згрижување потребни за обезбедување на услуги за професионална рехабилитација.
  • Подготовка на препораки за натамошно унапредување на услугите за професионална рехабилитација.

КОМПОНЕНТА 2:

ВОВЕДУВАЊЕ УСЛУГИ ЗА ЛИЧНА ПОДДРШКА ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

  • Спроведување на истражување на терен за да се проценат потребите и побарувачката за услугите на лична поддршка.
  • Развивање на релевантен и одржлив модел за обезбедување на лична поддршка.
  • Пилотирање и оценување на предлог на лична поддршка и вршење на секојдневните животни активности и активности поврзани со работа.
  • Поддршка на Министерството за труд и социјална политика во развивањето и воведување на законска рамка, политики и процедури кои треба да го регулираат обезбедувањето и користењето на услугите за лична поддршка.
  • Надградба на правната рамка со подготовка на измени и дополнувања на законот за социјална заштита и подзаконските акти;
  • Развој на писмени упатства и процедури за стандардизирано обезбедување на услуги на лична поддршка;
  • Подготовка на програма за поддршка на обезбедување на услуги за лична поддршка;
  • Спроведување на активности за градење на капацитетите (на пример, обуки) за лицата кои ќе бидат вклучени во областа на лична поддршка;
  • Креирање на алатки за следење на ефикасноста на услугите за лична поддршка;
  • Дизајнирање и спроведување на обуки, информативни и промотивни активности.

КОМПОНЕНТА 3:

НАДГРАДБА НА ПОСТОЕЧКИОТ ИНФОРМАТИЧКО-КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ВМРЕЖУВАЊЕ

  • Подготовка на детална програма за работа и временски распоред на проектот, вклучувајќи ги и клучните одредници, рокови и критични точки/ критичен пат.
  • Развој на документ “Функционална спецификација” и неговата презентација пред корисникот за одобрување.
  • Подготовка на “Дизајн документ” и неговата презентација пред корисникот за одобрување.
  • Развој на софтвер, креирање на “Прирачник на систем за имплементација” и неговата презентација пред корисникот за одобрување.
  • Развој и имплементација на План за тестирање на сите функции на новиот систем и подготовка на извештај за тезултатите од тестот.
  • Распоредување на систем во согласност со планот за распоредување (дел од документот Прирачник на систем за имплементација) и обука на крајните корисници, аналитичари и администратори.
  • Обезбедување на корективно одржување за решавање на грешки и сервис за помош на испорачаната систем.

Постер/ банер за проектот

Лифлет ЕНГ

Лифлет МКД