“Договор за градба како поддршка на процесот за подобрување на операциите и услугите на АВРМ” EuropeAid/136384/ID/WKS/MK

Почетен датум: 20 јули 2015

Краен датум: 19 февруари 2017

Буџет на проектот: € 1.024.653,30

Договорна страна: VIA DOO export-import Vevcani

Краен корисник: Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ)

Генерална цел:

Да се подобри квалитетот, ефикасноста и ефектите на операциите и услугите обезбедени од Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ) во поглед на намалување на невработеноста и спречување на вработените луѓе да станат невработени.

Специфична цел:

Адаптација и модернизација на постоечката инфраструктура на 12 локални центри за вработување со цел за подобрување на условите за работа на АВРМ во согласност со стандардите на ЕУ за подобра поддршка на испораката на квалитетни услуги и мерки на клиентите (работодавачите и/ или лицата кои бараат работа, итн.).

Очекувани резултати:

Зајакнати капацитети на АВРМ по однос на своите задачи за спроведување на програмите и мерките за вработување во земјата.

Целни групи:           

Релевантниот кадар на АВРМ (12 локални центри за вработување).

Клучни активности на проектот:

Адаптација и модернизација на постоечката инфраструктура на 12 локални центри за вработување (Битола, Ресен, Кавадарци, Неготино Виница, Штип, Крива Паланка, Радовиш, Тетово, Делчево, Свети Николе и Пробиштип) преку градежни активности од мал обем, како што се подготвителни работи; уривање и демонтирање; изолација на вода и топлинска изолација; подни работи; монтажа на столарија и браварски работи; работи на покрив; работи на фасада; глетување и молерисување; и завршно чистење на зградата.