“Договор за градба за адаптација и модернизација на постојната инфраструктура во избраните ЦСР” EuropeAid/136568/ID/WKS/MK

Почетен датум: 21 септември 2015

Краен датум: 20 октомври 2017

Буџет на проектот: € 1.006.298,22

Договорна страна: OZON DOOEL Skopje во конзорциоум со MGI Invest Ltd DOO Skopje и Izolacija DOO Skopje

Крајни корисници: Центри за социјална работа (ЦСР)

Генерална цел:

Да се подобри квалитетот, ефикасноста и ефектите од функциите и услугите обезбедени од страна на Центрите за социјална работа (ЦСР), со цел за давање на социјални услуги до корисниците.

Специфична цел:

Да се подобрат условите за испорака на социјални услуги за лица во неповолна состојба преку инвестиции во инфраструктурата на 18 Центри за социјална работа.

Очекувани резултати:

Зајакнати капацитети на Центрите за социјална работа (ЦСР) по однос на своите задачи за спроведување на социјални услуги и бенефиции во земјата.

Целни групи:           

Релевантен персонал во ЦСР (18 Центри за социјална работа).

Клучни активности во проектот:

Адаптација и модернизација на постоечката инфраструктура на 18 Центри за социјална работа (Кавадарци, Делчево, Крива Паланка, Радовиш, Кочани, Неготино, Виница, Кичево, Дебар, Валандово, Македонски Брод, Велес, Берово, Тетово, Кратово, Гостивар, Струга и Куманово), опфаќајќи 29 згради, со градежни активности од мал обем, како што се подготвителни работи; уривање и демонтирање; изолација на вода и топлинска изолација; подни работи; монтажа на столарија и браварски работи; работи на покрив; работи на фасада; глетување и молерисување; и завршно чистење на зградата.