“Договор за набавка за зајакнување на капацитетите на Агенцијата за вработување на Република Македонија – Лот 4 Канцелариски мебел” EuropeAid/136239/IH/SUP/MK

Почетен датум: 16 ноември 2015

Краен датум: 14 мај 2017

Буџет на проектот: € 33.250,00

Договорна страна: Tehnokop AD Skopje

Краен корисник: Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ)

Генерална цел:

Да се подобри ефективноста и ефикасноста во спроведувањето на програмите и мерките за вработување во земјата преку зајакнување на капацитетите на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ).

Специфична цел:

Снабдување, испорака, воспоставување, инсталација и пуштање во функција на набавките на канцелариски мебел.

Очекувани резултати:

Зајакнати капацитети на АВРМ по однос на своите задачи за спроведување на програмите и мерките за вработување во земјата.

Целни групи:           

Релевантниот кадар на АВРМ (централна канцеларија и локални центри за вработување).

Клучни активности на проектот:

Набавка, испорака, поставување, инсталација и пуштање во функција на набавките на канцелариски мебел (135 канцелариски бироа, 135 мобилни фиокари, 135 секретарски столици, 35 метални шкафови за складирање и 122 столици за посетители) во Централната канцеларија на АВРМ и локалните центри за вработување на целата територија на земјата.