“Зајакнување на релевантните актери за социјална инклузија на локално ниво (фаза 2)” EuropeAid/127054/C/SER/Multi

Почетен датум: 18 март 2013

Краен датум: 18 јуни 2014

Буџет на проектот: € 179.500,00

Договорна страна: ACE International Consultants, Spain

Краен корисник: Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

Генерална цел:

Да се ​​зајакнат капацитетите на релевантните актери во земјата, вклучувајќи ги и невладините организации и социјалните партнери во спроведувањето на политиките за социјална инклузија на локално ниво.

Специфична цел:

Да се ​​зајакнат капацитетите на релевантните актери од граѓанското општество во земјата, вклучувајќи и ги општините за да се развијат и имплементираат проекти за социјална инклузија.

Очекувани резултати:

Резултат 1. Избрани лица за обуки и идентификувани нивни потреби за обуки;

Резултат 2. Развиен план за обуки, вклучувајќи и програма и методологија за обуки;

Резултат 3. Дизајнирани и елаборирани наставна и материјали за обуки;

Резултат 4. 220 луѓе од граѓанските организации, единиците на локалната самоуправа, социјалните партнери, релевантните владини институции (центри за социјална работа) и други организации обучени за подготовка и управување со активности за социјална инклузија (индикативно 60% од вкупно 220 обучени лица ги претставуваат актерите на граѓанското општество);

Резултат 5. Избрани групи на слушатели со зрели партнерства – врз основа на проектни идеи (генерирани во текот на сесиите за обука) водени за завршување на предлог проекти.

Целни групи:           

220 луѓе од граѓанските организации, единиците на локалната самоуправа, социјалните партнери, релевантните владини институции (центри за социјална работа) и други организации обучени за подготовка и управување со активности за социјална инклузија (индикативно 60% од вкупно 220 обучени лица ги претставуваат актерите на граѓанското општество).

Клучни активности во проектот:

Проектот се надогради врз искуството и беше продолжување на проектот финансиран од ЕУ “Зајакнување на релевантните актери за социјална инклузија на локално ниво”, кој обезбеди обуки за претставниците на граѓанските организации и единиците на локалната самоуправа за подготовка и имплементација на проекти за социјална инклузија.

Проектот ги обезбди следните активности:

  1. Идентификување на целна популација

Оваа активност вклучуваше:

  • Идентификацијата и селекцијата на граѓанските организации, единиците на локалната самоуправа, социјалните партнери, релевантните владини институции (центри за социјална работа) и други организации одговорни за подготовка и / или спроведување на проекти за социјална инклузија.

Идентификацијата и селекцијата на целни организации беше спроведена во соработка со Министерството за труд и социјална политика и спроведе според принципите на правичност и транспарентност.

  1. Развој на план за обуки, програма за обуки и дизајнирање на настава и материјали за обуки и методологија за испорака на обуки скроени врз основа на потребите за обуки

Оваа активност вклучуваше:

  • Развој на план за обука, и покрај останатото вклучи и програма и методологија за обука прилагодени на потребите на целната група, детална временска рамка за имплементација и ресурси за работа;
  • Дизајн на настава и материјали за обука.

Обуките им обезбедија на избраните учесницит да се стекнат со вештини за да им овозможат ефикасно да се подготват и да управуваат со проекти во областа на социјалното вклучување на маргинализираните групи. Овие обуки ги опфатија следниве теми:

  • Управување со проектен циклус;
  • Финансиски менаџмент;
  • Градење партнерства и вмрежување, вклучувајќи и методи за ангажирање на сите засегнати страни;
  • Социјален и економски развој на локално ниво со фокус на позитивните методи за активација на маргинализираните лица;
  • Методи за прибирање индикатори и податоци на локално ниво.

Сите обуки беа прилагодени на специфичните потреби и преференции на целната група.

Најдобрите практики и искуства во ЕУ во областа на социјалната вклученост се интегрирани во развиената настава и материјали за обука. Исто така, беа организирани обуки за да на некој начин се овозможи развој на партнерства, идеи за проекти поврзани со социјалната инклузија, борба против сиромаштијата и дискриминацијата на локално ниво.

  1. Имплементација на план за обуки за целните засегнати страни

Планот за обуки беше имплементиран преку:

  • Обуки за 220 лица од граѓанските организации, единиците на локалната самоуправа, социјалните партнери, релевантните владини институции (центри за социјална работа) и други организации (даватели на услуги);
  • Насочување на групите на слушатели со зрели партнерства, проектни идеи (генерирани во текот на сесиите за обука) за завршување на предлог проекти.