“Поддршка за следење и контрола на операциите финансирани во ОПРЧР” MK10/IB/SO/01 TWL

Почетен датум: 24 март 2014

Краен датум: 24 ноември 2014

Буџет на проектот: € 250.000,00

Договорна страна:

Министерство за социјална сигурност и труд на Република Литванија, во конзорциум со Агенцијата за централно управување со проекти (CPMA) и Агенцијата за Европскиот социјален фонд (ESFA)

Крајни корисници:  

Министерство за финансии (МФ), Министерство за образование и наука (МОН) и Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

Генерална цел:

Да се постигне ефикасно и темелно управување и спроведување на ОП РЧР (Повеќегодишната оперативна програма “Развој на човечките ресурси 2007-2013”), во рамките на децентрализирано управување, во согласност со Регулативата за спроведување на ИПА и Спогодбата за финансирање кои се однесуваат на ОП РЧР.

Специфична цел:

Понатамошно зајакнување на системот/ институционалната рамка и човечките капацитети во рамките на Оперативната структура (ОС) за следење и контрола на операции/ проекти, со цел да се обезбеди ефикасно и ефективно спроведување на ОП РЧР во согласност со релевантните ЕУ и национални правила.

Очекувани резултати и клучни имплементирани активности:

Резултат 1: Зголемен капацитет на институционалната поставеност за следење на ниво на проекти и програма рационализирани кон обезбедување на сигурно финансиско управување на ОП РЧРЗа да се постигне горенаведениот резултат, следните активности беа спроведени:

1.1 Ревидирање на системот за следење дефиниран во Оперативните договори и Прирачникот за процедури со цел да се обезбеди ефикасна функција за следење на Оперативниот систем.

Ревизијата опфати:

– Поделба на обврските и одговорностите помеѓу ЦФЦД и ресорните министерства;

– Процедурите, методите и алатките за мониторинг и контрола на сите видови на договори во рамките на ОП РЧР;

– Известување, со посебен акцент на изворите на информации и содржината на извештаите;

– Употреба на МИС;

– Постапката за контрола на средината (управување со ризици на ниво на проект и програма и неправилности);

– Барања за транспарентност (информации и јавност) и видливоста на ниво на проект и програма;

– Процедури за задржување на документи кои се потребни за да се обезбеди соодветна ревизорска трага.

1.2 Ревидирање и подобрување на Упатството за корисници на грантови и посебно правилата за спроведување на грант проекти, како што се:

– Правила за спроведување на јавните набавки од страна на корисниците на грантови;

– Правила за видливост и транспарентност и обрасци според Прирачникот за комуникација и видливост на ЕУ;

– Финансиски менаџмент на грант проекти.

1.3 Усогласување на методологиите и процедурите за следење на спроведувањето на ОП РЧР со начелата и методологијата на Системот за следење на резултати на Европската Commission.

1.4 Воспоставување на механизам / алатки за добивање на систематски повратни информации од службениците за набљудување како влез за подготовка на нови операции.

Резултат 2: Капацитетот на оперативниот систем да се зајакне за следење на ниво на проект и ОП РЧР во согласност со прописите на ЕУ и најдобрите практики

За да се постигне горенаведениот резултат, следните активности беа спроведени:

2.1 Упатства за професионалците по прашањата за мониторинг, како што се второстепени набавки, посети на лице место / проверки, верификација на трошоци од административни, финансиски, технички и физички аспекти на работење/ сите типови на договор, неправилности, управување со ризици, финансиски менаџмент на ниво на проект, аналитичко претставување на показателите на аутпути и резултати, правила за видливост и публицитет, итн.

2.2 Поддршка на персоналот од Оперативната структура за примена на принципите и методологијата на следењето насочена кон резултати на ОП РЧР.

2.3 Воведување на алатки за ефективна комуникација и соработка помеѓу Оперативната структура и имплементаторите за грантови/ корисници и партнери во текот на секоја фаза на животниот циклус на проектот.

TWL брошура