“Поддршка во борбата против непријавената работа” EuropeAid/133613/D/SER/MK

Почетен датум: 5 мај 2014

Краен датум: 5 мај 2016

Буџет на проектот: € 1.155.550,00

Договорна страна:

ESEP Ltd во конзорциум со WYG International Ltd, Macedonian Occupational Safety and Health Association (MOSHA) и WYG savjetovanje DOO

Крајни корисници

Државен инспекторат за труд (ДИТ) и Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

Генерална цел:

Да се зајакнат напорите на различните релевантни национални актери вклучени во борбата против непријавената работа и со тоа да се придонесе за намалување на нивото на неформалното вработување.

Специфична цел:

Да се подобри ефективноста и ефикасноста во борбата против непријавената работа во земјата преку зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат за труд (ДИТ) и подобрување на систематски и координирано вклучување на релевантните институционални актери и социјални партнери во борбата против непријавената работа.

Очекувани резултати:

Резултат 1 Здобиено длабоко и широко разбирање за појавите на непријавената работа преку реализација и подготовка на истражување;

Резултат 2 Зајакнати капацитети на ДИТ по однос на нивните задачи во борбата против непријавената работа;

Резултат 3 Зајакната улога на социјалните партнери во областа преку зголемување на нивнито учество во борбата против непријавената работа;

Резултат 4 Засилени мерки на политиките во борбата против непријавената работа;

Резултат 5 Подобрена соработка и комуникација помеѓу засегнатите страни во борбата против непријавената работа.

Целни групи:           

  • Релевантен персонал од Државниот инспекторат за труд (централна канцеларија и локални канцеларии) и Министерството за труд и социална политика;
  • Релевантен персонал од релевантните институтционални актери (министерства, инспекциски служби и останати), вклучени во борбата против непријавената работа, како што се Министерството за економија, Министерството за финансии, Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен инспекторат, Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување на РМ, Центрите за социјална работа, Централниот регистар на РМ, итн.;
  • Социјални партнери.

Клучни активности во проектот:

Компонента 1: Истражување за непријавената работа

1.1 Собирање на информации и податоци потребни за развој на методологија за истражување;

1.2 Подготовка на методологија, вклучително и метод за земање мостри;

1.3 Презентирање на методологијата на засегнатите страни;

1.4 Преземање на потребните аранжмани за спроведување на истражувањето;

1.5 Спроведување на теренската работа од истражувањето за непријавена работа на репрезентативен примерок од вкупната покриеност на земјата, вклучувајќи ги урбаните и руралните области;

1.6 Подготовка на сеопфатна добро документирана анкета и сеопфатен извештај со наодите од истражувањето од спроведената анализа и препораки доа релевантните чинители во согласност со најдобрите практики и искуства на ЕУ, како придонес кон Националниот акциски план за борба против сивата економија.

Компонента 2: Зајакнување на капацитетот на Државниот инспекторат за труд и останатите релевантни национални институционални чинители

2.1 Спроведување на проценка на потребите на Државниот инспекторат за труд и другите релевантни институционални актери во областа на борбата против непријавената работа. Оценувањето вклучи минимум оценка на националното законодавство, организацијата, финансиски и човечки капацитети, како и вештините на Државниот инспекторат за труд и на други релевантни институционални актери во областа на борбата против непријавената работа.

2.2 Развивање на програма за Државниот инспекторат за труд за подобрување на нејзината ефикасност во борбата против непријавената работа заедно со детален план за работа за спроведување на програмата. Програмата вклучи:

2.2.1 Мерки за подобрување на работната организација, методологија, работните процеси и процедури во Државниот инспекторат за труд, како релевантни;

2.2.2 Мерки за подобрување на меѓуинституционалната соработка/ координација помеѓу засегнатите страни кои се вклучени во борбата против непријавената работа;

2.2.3 Предлози за мерки за борба против најчестите типови на непријавена работа (на пример нерегистрирани самовработени работници, итн.);

2.2.4 Посебен план за работа опфаќајчи и план за обуки за Државниот инспекторат за труд и за други релевантни институционални актери со цел спроведување на предложените мерки;

2.2.5 Спроведување на детален план за работа и развој на релевантни алатки за Државниот инспекторат за труд за подобрување на борбата против непријавената работа. Оваа активност, исто така, опфати спроведување на обуките во соодветните технички вештини, меки вештини, информатичко-компјутерски или странски јазик за сите вработени во Државниот инспекторат за труд.

2.2.6 Поддршка на Државниот инспекторат за труд за да се справи со/ спроведување на вмрежување и размена на податоци со други институции на поефикасен и поефективен начин.

2.2.7 Развој на документ со препораки со цел натамошно спроведување на Програмата на среднорочен и долгорочен период. Документот ги образложува причините за предложените препораки. Документот е претставен на Државниот инспекторат за труд и други релевантни национални институционални чинители.

Компонента 3: Вклучување на социјалните партнери во намалување на бројот на лица ангажирани преку непријавена работа

3.1 Проценка на капацитетите на социјалните партнери активно да учествуваат во борбата против непријавената работа;

3.2 Развој на нови / подобри иницијативи за ефикасно вклучување на социјалните партнери во борбата против непријавената работа;

3.3 Дизајнирање и имплементација на план за обука на социјалните партнери.

Проектен банер

Лист со факти ЕНГ

Лист со факти МКД