Трета програма на грантови “Социјална инклузија и вработување на локално ниво” EuropeAid/136315/ID/ACT/MK

Активностите финансирани во рамките на оваа програма на грантови се насочени да придонесат за подобрување на пристапот до вработување и подобрување на можностите за вработување, како и за зголемување на учеството на лицата во социјален ризик и лицата кои се социјално изолирани на пазарот на труд.

Активностите се фокусираат на невработените лица, вработените на кои им е потребно дополнително оспособување и образование во согласност со потребите на пазарот на трудот и на најранливите мажите и жените во неповолна положба, вклучувајќи ги и членови на помалку застапените етнички заедници (особено Ромите).

Општата цел на оваа програма на грантови е да се поттикне вработувањето и активно вклучување на луѓето во најслабата позиција на пазарот на трудот.

Специфичните цели на оваа програма на грантови се:

  • да се зголеми активирањето и вклучувањето на лицата изложени на ризик од социјално исклучување на пазарот на трудот, преку мобилизација и/ или подобрување на нивните вештини, образование, квалификација, како и развој на социјални услуги во заедницата за да се олесни нивната целосна интеграција во општеството и особено нивниот пристап до пазарот на трудот.
  • да се олесни интеграцијата на лицата од ромската етничка заедница, опфатени со социјална исклученост и дискриминација на пазарот на трудот и во општеството во целина, особено со фокус на економските мигранти, лица без документи, Роми кои живеат во супстандардни услови на домување и жените Ромки, преку подобрување на нивните потенцијали за вработување и спроведување социјални иновации.

Оваа програма на грантови опфаќа акции во рамки на два тематски приоритети кои кореспондираат во мерката 3.1 од ОП РЧР Приоритетната оска 3 “Социјална инкулузија – Еднакви можности и поттикнување социјална инклузија”:

Тематски приоритет 1: Поттикнување социјално вклучување на маргинализираните лица

Овој тематски приоритет придонесува кон специфичната цел (1) и ги опфаќа развојот и спроведувањето на специфично вработување или социјални услуги и иновативни пристапи прилагодени на потребите на поединците во најслаба позиција на пазарот на трудот. Додека на патот за вработување, овие лица имаат потреба од повеќе поддршка од другите во поглед на широкиот спектар на активности и индивидуализирани услуги за да им се помогне да ги развијат можностите за вработување. Пристапот до пазарот на трудот и интеграцијата во општеството бара некои посебни мерки и “пристап за насочување” пред лицата во социјален ризик да се во можност целосно да ги користат општите услуги на пазарот на труд. Активностите формираат кохерентен пат кон вработување. Ова се прави преку индивидуален план за акција (посветеност на клиентот и давателот на активноста како од организацијата се обезбедуваат социјални услуги) и организирано следење на планот. Имено, луѓето во социјален ризик и лицата кои се социјално изолирани се судират со многу потешкотии кога ќе влезат на пазарот на трудот, како последица на различни социјални, психолошки и економски причини. Различни социјални и професионални услуги за рехабилитација имаат за цел да ја зголеми мотивацијата на овие лица, да се формираат потребните социјални вештини, да го промовира учество во општеството и подобрување на вештините потребни за да започнат со користење на општите услуги на пазарот на трудот и активните мерки на пазарот на трудот кои се потребни.

Тематски приоритет 2: Вклучување на Ромите на пазарот на труд

Овој тематски приоритет придонесува за специфична цел (2) и ги опфаќа активностите за решавање на повеќе фактори на исклучување на поединците од ромското малцинство во заедницата за нивната одржлива интеграција во пазарот на трудот. Ромите кои се социјално изолирани се судраат со многу потешкотии кога ќе влезат на пазарот на трудот како последица на различни социјални, психолошки и економски причини. Ромските жени имаат тенденција да бидат дискриминирани по повеќе причини и во повеќе сфери од животот отколку мажите. Не сите невработени Роми се во можност да се регистрираат во Агенцијата за вработување поради проблемите со недостаток на документи, недостаток на знаење, итн. Покрај тоа, многу Роми работа на несигурни и непријавени работни места (продажба на стоки на зелените пазари, чистење куќи, собирање пластика за рециклирање, физички работници, итн), како и работни места, кои не се поврзани со социјалните придонеси, сите што придонесуваат до недостаток на пристоен животен стандард. Посебно внимание се посветува на иницијативи кои помагаат да се променат стереотипите за дискриминација во општеството кои претставуваат една од пречките за овие лица да се интегрираат на пазарот на трудот. Тематскоит приоритет се занимава со конкретни мерки кои промовираат еднакви можности во областа на социјалната заштита, вработувањето и образованието. Опфаќајќи ги условите на Ромите бара сеопфатен пристап за справување со социјалните, културните и економските фактори кои влијаат на нивниот секојдневен живот – бариери на родот и традициите, дискриминацијата, сиромаштијата и ограничениот пристап до образование и вработување.

Следните дванаесет (12) проекти се имплементираат:

Трета програма на прантови