Техничка поддршка за подготовка на тендерска документација за обезбедување на наставна опрема за стручно образование и обука – EuropeAid/132633/C/SER/multi

 

Буџет: Вкупен буџет на договорот 140,756.00 € (глобална цена)

Период: Период на имплементација – 24 месеци

Корисник: Министерство за образование и наука (МОН)

Партнери во имплементацијата: IBF International Consulting во соработка со ATC Consultants GmbH

1. Вовед

Секторот за стручно образование и обука и образовниот систем во Македонија претрпеа значајни промени. За време на имплементацијата на реформите се случија битни предизвици. Причините се лоцираат во спората транзиција на потребите на пазарот на труд во корелација со соодветни реформи во секторот на стручното образование и обука. Претходните фази на модернизација  на стручно образование и обука беа спроведени со цел да се воспостави современ систем на стручно образование и обука, да се воспостави и зајакне капацитетот на Центарот за стручно образование и обука, да се реформира четири годишното стручно образование и обука, да започне реформирањето на две и три годишното стручно образование и обука и да се донесе Стратегија за стручно образование и обука во контекст на доживотното учење 2013-2020.

Анализата на постоечката наставна опрема, изготвена во март 2010 година, наведува дека повеќе од една половина од постоечката наставна опрема е постара од 30 години, а во некои училишта е дури и повеќе. И покрај тоа наставната опрема е се уште во употреба, технологијата е застарена и не ги задоволува потребите на новите наставни програми за современо образование и обука.Твининг проектот кој беше завршен во 2011 година имаше за цел да ја поддржи модернизацијата на образовниот систем во две и три годишното стручно образование согласно потребите на пазарот на трудот и европските стандарди. Од посебно значење е да се постигне успешна имплементација на новите наставни програми преку употреба на современа образовна технологија во контекст на доживотното учење. Со цел да ја спроведе оваа задача Изведувачот ќе треба да опфати 52 училишта за стручно образование и обука од кои 32 беа опфатени со Твининг проектот[1]. Овие 52 училишта за стручно образование и обука се наоѓаат низ Македонија.

Законската рамка на оваа задача произлегува од Council Regulation (EC) No. 1085/2006 of 17.07.2006  воспоставувајќи Инструмент за претпристапна помош (IPA) – OJ L 210, 31.07.2006 и договорот за финансирање помеѓу земјата корисник и Комисијата на Европската унија, која се однесува на мулти-годишната Оперативна програма Развојот на човечките ресурси (CCI No.:2007MK05IPO001) во рамки на компонентата за развој на човечките ресури од Инструментот за претпристапната помош.

2. Цели на проектот

Општата цел на интервенцијата во рамки на овој проект е да обезбеди поддршка за ефективна имплементација на мерката 2.1 “Модернизирање на системот за образование и обука” во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 преку капитални инвестиции во современа наставна опрема за модернизација на процесот на стручно образование и обука во две и три годишното стручно образование, особено за помош во подоброто поврзување на понудата на стручното образование и обука со технолошките потреби на различни економски сектори. Оттаму интервенцијата ќе го потпомогне подобрувањето на условите за развој на човечките ресурси и ќе ја зголеми адаптибилноста на системот на стручно образование и обука согласно побарувачката на пазарот на трудот.

Посебната цел на овој проект е да обезбеди техничка поддршка за подготовка на тендерска документација за обезбедување на наставна опрема за стручно образование и обука со цел да се осовремени постоечката и да се набави нова наставна опрема суштински поврзана со имплементацијата на неодамна реформираните наставни програми за спроведување на модернизираното две и три годишно стручно образование. Реализацијата на оваа цел базирана на наодите од претходно спроведената анализа на потребите и истражувањето на пазарот, ќе резултира со посебно внимание на испораката на техничка спецификација за понуда за договор во согласност со последните верзии од PRAG правилата за набавка и договорните услови. Затоа, проектот има за цел да ги зајакне институционалните капацитети за имплементација на процесот на набавка и условно прифаќање на опремата преку серија на работилници и интервенции за обуки  на работно место за градење на капацитетите на институциите корисници, вклучувајќи ги релевантните образовни институции, локалните власти, социјалните партнери и останати клучни засегнати страни во стручното образование и обука.

3. Активности на проектот

Овој проект ќе биде спроведен во две фази – почетна фаза и фаза на имплементација.

Активност 0 (А0) – Почетна фаза: Освен активностите за отпочнување на проектот и воспоставување на комуникација и логистичките прашања, за време на оваа фаза Изведувачот ќе го испита постојното проектно окружување, ќе ги објасни очекувањата на главните корисници со цел да обезбеди еднакво разбирање на проектниот процес, меѓусебна посветеност и посакувани резултати. Ќе се воспостави Работна група (РГ) составена од преставници на главните корисници и на значајните институции за стручно образование и обука.

Активност 1 (А1) – Подготовка на анализа на потребите за ажурирање и набавка на наставна опрема за стручното образование и обука, суштински поврзана со имплементацијата на реформираните наставни програми, употреба на соодветни алатки и комбинирани пристапи и методи за истражување, структурирани состаноци, фокус групи, интервјуа и прашалници за прибирање на доверливи податоци., Изведувачот ќе спроведе прелиминарни анализи за тековната состојба на македонскиот систем за стручно образование и обука во однос на инсталација и функционалност на наставната опрема, пописна листа на постоечката наставна опрема подготвена од техничкиот персонал од Центарот за стручно образование и обука и тековна состојба на електричните и инфраструктурните капацитети, вмрежување, интернет и сл. Врз основа на наодите, Изведувачот ќе ги идентификува и приоритизира потребите за наставна опрема во стручното образование и обука.

Активност 2 (А2) – Спроведување на истражување на пазарот за понуда на наставна опрема за стручното образование и обука и подготовка на предлог буџет: следејќи ги наодите и заклучоците од анализата на потребите Изведувачот ќе подготви план за анализа на пазарот со цел да ги идентификува расположливите производи, нивното потекло и рангирање по цени, постоење на доволен број на потенцијални понудувачи и нивната подобност.

Активност 3 (А3) – Подготовка на Техничка спецификација во согласност со последните PRAG правила за набавка и договорни услови: Нацртот на Техничка спецификација ќе биде подготвен според правилата и договорните услови наведени во последната верзија на PRAG и поднесени за одобрување до Институцијата корисник и Договорниот орган.

Активност 4 (А4) – Градење на капацитетите на Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука и училиштата за стручно образование и обука и развој на листи за условно прифаќање на наставната опрема. Интервенциите за градење на капацитетите ќе бидат дизајнирани како хоризонтални активности за поддршка на релевантните засегнати страни – ИПА структурите во МОН, оделението за јавни набавки во МОН, релевантниот персонал од Центарот за стручно образование и обука, како и од 52-те училишта за стручно образование и обука. Структурираните обуки на работни места се со фокус на подготовка на тендерско досие за набавка на наставна опрема за стручно образование и обука, но исто така и техники и правила за обезбедување на технички појаснувања за време на тендерската процедура на барање на потенцијалните апликанти, развој на листи за условно прифаќање на наставната опрема и дводневна работилница за условно прифаќање на опремата.

Финалниот извештај ќе содржи комплетен преглед на сите активности имплементирани за време на проектот и ќе ги опише времените и финалните проектни резултати вклучувајќи и критична анализа на секој главен проблем кој може да произлезе за време на изведбата, научените лекции и препораки за подобрување и идни активности.

4. Времетраење на проектот

10-ти Ноември 2014 – 31-ви Октомври 2016

 

[1] Договор под ОIS “Поддршка на модернизацијата на системот за стручно образование и обука” одобрен од EUD Ref.NO.09-8024/1 на 05.03.2010