НАПИС ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ТЕХНИЧКА ПОМОШ за управување и мониторирање на проекти од грантовата програма ’Поттикнување на социјална инклузија’

Во петок, на 24 март 2016 година во Скопје се одржа четвртиот по ред Семинар за лидерство и управување, како една од главните активности на проектот „Техничка помош во управување и мониторирање на проекти од грантовата програма ’Поттикнување на социјална инклузија’“ EuropeAid/132633/C/SER/MULTI.

Овој 2-годишен проект започна да се спроведува во ноември 2015 година со цел да се обезбеди секојдневна поддршка во спроведувањето на 26-те проекти одобрени во рамките на грантовата програма „Поттикнување на социјална инклузија“ EuropeAid/135012/M/ACT/MK. Оваа грантова програма се финансира од Инструментот на Европската Унија за претпристапна помош (ИПА), а како главен корисник на оваа грантова програма се јавува Министерството за труд и социјална политика (МТСП). 26-те грантови проекти одобрени во рамките на оваа грантова програма ги спроведуваат вкупно 66 различни организации, главно НВО, но и општини и јавни установи (центри за социјална работа и средни училишта).

(1) 6-те семинари за лидерство и управување (4 веќе се одржаа, преостануваат уште 2, во јуни и во септември 2017 година), со просечно учество од 65 грантови корисници, се можност за грантовите корисници да ги споделат своите искуства, да ги разменат најдобрите практики и да ги надминат ограничувањата во најразлични полиња од областа на раководење на организации и управување на проекти, како што се вмрежување, ангажирање на корисниците, квалитет на проектите, одржливост, и следење и оценка. Семинарите се првенствено наменети за координаторите на грантовите проекти и/или лицата кои имаат одлучувачка улога во своите организации, како што се претседателите, извршните директори итн.

(2) Друга главна линија на активности во „Проектот за техничка помош“ се обуките за управување со грантови (4 дена обука за 120 грантови корисници, или вкупно 480 денови обука по учесник) коишто се организираат со цел нарочно да се засегнат проблемите со пишување времени и завршни извештаи за грантовите проекти. На овие обуки учесниците имаат можност или да научат нешто ново или пак да го потврдат своето знаење и да ги прошират своите вештини поврзани како со општите аспекти на управување со проектниот циклус така и со конкретните прашања коишто се однесуваат на управување со грантовите на ЕУ. Првиот круг на обуки се одржа во април 2016 година, како подготовка на грантовите корисници за пишување времени извештаи, додека пак другиот круг на обуки ќе се одржи во периодот помеѓу 27 март и 06 април 2017 година, во фаза кога грантовите корисници ќе ги пишуваат своите завршни извештаи.

И на семинарите и на обуките редовно присуствуваат и службениците за надзор од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и од Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии (ЦФЦД), коишто ги споделуваат своите искуства и гледишта за опфатените теми, како и очекувањата за правилно спроведување на грантовите проекти.

(3) Третата главна линија на активности во „Проектот за техничка помош“ се теренските посети на лице место. Двете експертки од ЕУ коишто го спроведуваат „Проектот за техничка помош“ имаат за задача да го посетат секој од 26-те грантови проекти. Овие посети се спроведуваат во определените проектни канцеларии на 26-те грантови проекти. Низ непосредна интеракција со грантовите корисници, двете експертки на ЕУ вршат обука на лице место на персоналот ангажиран на спроведувањето на 26-те грантови проекти, со кои се обидуваат да ги утврдат недостатоците и да ги разрешат проблемите кои произлегле од спроведувањето на грантовите проекти. Целта на овие посети е експертките од ЕУ да ја проверат работата на грантовите корисници, да препорачаат мерки за подобрување, но и да ги подготват за надзорните посети од страна на службениците за надзор на МТСП и ЦФЦД.

(4) Значајна помош на грантовите корисници им се пружа и преку интерактивната веб страницата на проектот (www.taeugrants.net). Тековната поддршка се обезбедува преку неколку алатки. Делот на веб страницата со ресурсите, којшто е достапен за широката јавност, ги содржи сите меродавни материјали коишто биле опфатени или посочени за време на семинарите и обуките. Форумот, пак, им е достапен само на грантовите корисници од грантовата програма „Поттикнување на социјална инклузија“. Форумот е местото каде што грантовите корисници може да комуницираат меѓу себе: може да поставуваат прашања, да споделуваат искуства, да отвораат дискусии, да бараат решенија, и да си пружаат меѓусебна помош. Конечно, во тесна соработка со МТСП и ЦФЦД, процедурите, обрасците и други документи кои се од општа важност за спроведување на грантовите од ЕУ ќе се ажурираат во алатникот за управување на грантови кој ќе стане достапен во текот на есента 2017 година.

Редовното присуство на семинарите и обуките во рамките на „Проектот за техничка помош“, како и активниот придонес во работата на истите, се предуслов за грантовите корисници да се стекнат со Сертификат за лидерство и управување на проекти и со Сертификат за управување со грантови на ЕУ. Свеченоста за доделување на сертификатите ќе се одржи како голем завршен настан во септември 2017 година, во присуство на претставници од Министерството за труд и социјална политика, Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии и Делегацијата на Европската Унија. Истовремено со тоа ќе се одржи и „Проектниот саем“, како признание на заложбите на грантовите корисници за успешното спроведување на 26-те грантови проекти од грантовата програма „Поттикнување на социјална инклузија“. Овој настан ќе биде можност да се сретнат сите меродавни засегнати страни и да разменат идеи преку кои може да дојде до идни партнерства и вмрежувања.