Округлата маса на тема „Можности и предизвици за вработување на социјално ранливи лица“

Црвениот крст на РМ и Занаетчиската комора на град Скопје организираа Округлата маса на тема „Можности и предизвици за вработување на социјално ранливи лица“ која се одржа на 11 мај 2017, четврток, во посториите на Црвен крст на РМ.

На настанот присуствуваа и воведен збор имаа Министерот за труд и социјална политика, г-н Ибрахим Ибрахими, Генералниот секретар на Црвен крст на РМ, г-н Саит Саити и претседателот на занаетчиска комора на град Скопје, г-н Никола Петров. Исто така, на настанот присуствуваа претставници од релевантните чинители.

Округлата маса е дел од активностите во рамки на  проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на трудот”, чија цел е да придонесе кон зголемување на учеството на 40 лица во социјален ризик и лица кои се социјално исклучени на пазарот на труд со цел намалување на сиромаштијата.