II циклус од обуката „Формирање на мултидисциплинарен тим на експерти за тренинг на тренери (ТоТ) за изработка на индивидуални професионални планови (ИПП) за проценка на способностите и вештините на лицата со хендикеп (ЛХ)“

Во периодот од 17 до 20 мај 2017 во Хотел Continental во Скопје се реализираше процесот на изработка на Индивидуални професионални планови за лицата со хендикеп во чии рамки обучениот мултидисциплинарен тим на експерти преку директна средба со лицата со хендикеп им изработи индивидуални професионални планови кои треба да им помогнат во процесот на вработување.

Целта на оваа активност беше практична примена на прилагодените инструментите и вештини за следење и подршка на лицата со хендикеп во процесот на работното вклучување и изработкан на Индивидуални Професионални Планови за лицата со хендикеп кои ќе им го олеснат процесот на вработување и самовработување.

Активностите се организираат во рамките на проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој го реализираат партнер организациите Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија и Здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина.

Проектот е финасиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и ЦФЦД / Министерство за Финасии преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПA оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013.