Завршен настан на проектот “Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени”

Завршниот настан на проектот “Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени”  се оддржа на ден 16-ти јуни 2017 во Скопје на Скопски саем. Околу 100 учесници учествуваа на овој настан.  Проектот е втор директен грант кој го спроведува Агенцијата за вработување од март 2015 година. Проектот беше финансиран од страна на Европската Унија во рамките на Оперативната програма за Развој на човечки ресурси 2007-2013 во вредност од 2.000.000 €.

Целта на проектот беше да ги интегрира младите луѓе, долгорочно невработените и жените на пазарот на трудот. Специфичната цел е да се подигне вработливоста на младите луѓе, долгорочно невработените и жените со подобрување на нивните компетенции (знаење, вештини и ставови). Околу 4500 невработени луѓе ги почуствуваа придобивките од проектните активности.

Проектот беше спроведен преку следниве активности:

i-a) Практиканство како поддршка за вработување на млади лица до 29 годишна возраст, при што 1461 практикат ја завршија програмата за практиканство во времетраење од 3 месеци. 883 или 58,9% од нив се вработија, иако работодавецот немаше таква обврска

I-b) Обука кај познат работодавец  имаше за цел стекнување на специфични професионални вештини преу обука за време на работа. 492 практиканти ја завршија програмата во траење од три месеци. 383 или 76,7% од нив се вработија.

ii) Обука за општи вештини имаше за цел да им помогне на невработените лица да се стекнат со вештини за да им помогнат да бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Вкупно 1922 невратени лица учестуваа на обуките, од кои на обуките за странски јазици имаше 997, додека на обуките за основни ICT вештини 1807 или 90.3% се стекнаа со сертификат.

iii) Обуки за занимања побарувани на пазарот на трудот имаа за цел да ги обучат невработените лица за вештини ко ги бара пазарот на трудот. 430 учесници ги завршија обуките (210  за вештини барани на пазарот на трудот и, 220 за напредни ИТ вештини кои водат кон меѓународно признаен сертификат).

Брошура