“Зајакнување на релевантните актери за социјална вклученост на локално ниво” IPA/OPHRD2007-2013/3.3/LOT9/04

Почетен датум: 27 ноември 2011

Краен датум: 15 јануари 2013

Буџет на проектот: € 149.759,00

Договорна страна: Cambridge Education UK

Крајни корисници:

Министерство за труд и социјална политика, репрезентативното Здружение на единиците на локалната самоуправа, репрезентативни асоцијации/ мрежи на НВО

Генерална цел:

Да се ​​зајакнат капацитетите на невладините организации и единиците на локалната самоуправа во земјата по однос на спроведувањето на политиките за социјална вклученост.

Специфична цел:

Да се зајакнат вештините и знаењето на невладините организации и единиците на локалната самоуправа за подготовка и спроведување на проекти за социјална вклученост.

Очекувани резултати:

Краен резултат 1. Избрани невладини организации и единици на локалната самоуправа и идентификувани потреби за обука;

Краен резултат 2. Равиена методологија за обука, план за обука, како и програма и материјали за обука;

Краен резултат 3. Обучени најмалку 60 лица од невладини организации и 120 лица од единиците на локалната самоуправа за подготовка и управување со активности за социјална вклученост.

Целни групи:

– Персонал од единиците на локалната самоуправа (најмалку 120 лица)

– Персонал од невладините организации активни на полето на социјална вклученост (најмалку 60)

Клучни активности во проектот:

Рамковниот договор ги обезбеди следните услуги:

Компонента 1. Идентификување на целната група и анализа на потребите за обука

Оваа компонента вклучи:

– Идентификување и избор на потенцијални невладини организации и единици на локалната самоуправа да подготват и/ или спроведат на проекти за социјална вклученост.

Компонента 2. Развој на план за обука и креирање на програма и материјали за обука и методологија за испорака на обуки скроени согласно идентификуваните потреби за обука

Оваа компонента вклучи:

– Развивање на план за обука што вклучи помеѓу останатото: методологија за обука прилагодена на потребите на невладините организации и единиците на локална самоуправа, детална временска рамка за спроведување, ресурси, итн.

– Елаборирање на програма и материјали за обука.

Компонента 3. Имплементирање на план за обука за целните засегнати страни

Обуките се спроведоа согласно одобрен план за обука, и тоа за:

– 60 лица од невладините организации во што можно поголем број од НВО;

– 120 лица од единиците на локалната самоуправа.