“Поддршка за вработување на младите луѓе, долгорочно невработените жени и жените II”

Почетен датум: 1 март 2015

Краен датум: 30 јуни 2017

Буџет за проектот: € 2.016.205,14

Договорна страна:

Агенција за вработување на РМ (АВРМ)

Крајни корисници:  

  • Невработени лица;
  • Работодавачи кои ќе прифатат невработени млади лица за практикантство;
  • Работодавачи кои ќе прифатат невработени млади лица на обука;
  • Работодавачи кои ќе ги вработат невработени лица од проектот.

Генерална цел:

Да се интегрираат младите луѓе, долгорочно невработените и жените на пазарот на труд.

Специфична цел:

Да се зголеми можноста за вработување на невработените млади луѓе, долгорочно невработените и жените преку зголемување на нивните компетенции (знаења, вештини и ставови).

Очекувани резултати:

  • 1500 млади лица на возраст од 29 години со подобрени нивни перспективи за вработување преку стажирање; 30% од нив се вработени;
  • 500 невработени лица се здобиле со специфични професионални вештини преку обука во работата; 50% од нив се вработени;
  • 2000 невработени лица присуствуваат на обуки за општи вештини; 70% од нив се здобиле со општи вештини (англиски јазик и компјутерски вештини);
  • Околу 720 обучени невработени лица за работни вештини барани на пазарот на трудот; 70% од нив се здобиле со специфични професионални вештини барани на пазарот на трудот;
  • Најмалку 30% од учесниците во проектот се вработиле со договор за работен однос или еквивалент ангажман дванаесет месеци по напуштањето на акција;
  • Најмалку 10% од учесниците ја продолжиле обуката, по завршувањето на учеството во активностите од проектот од средствата кои не припаѓаат на проектот.

Целни групи:           

  • Невработен млади лица на возраст од 29 години регистрирани во АВРМ како активни баратели на работа

(најмалку 70% од сите мажи и жени кои учествуваат во активностите од проектот треба да припаѓаат на возрасната група 15-29)

  • Долгорочно невработени лица (кои се невработени повеќе од 1 година) регистрирани како активни баратели на работа;

(најмалку 80% од сите мажи и жени кои учествуваат во активностите од проектот треба да бидат долгорочно невработени лица, од 1 година и повеќе);

  • Невработени жени на возраст од 15-64 години, регистрирани како активни баратели на работа;

(најмалку 60% од сите учесници во проектот треба да бидат жени);

  • Невработените лица без соодветни професионални квалификации и со недостаток на основни вештини, регистрирани во АВРМ како активни баратели на работа.

Клучни активности во проектот:

Компонента 0 – Управување со проектот

Оваа компонента опфаќа планирање, обезбедување и управување со ресурси кои се од суштинско значење да се овоможи успешно завршување на проектните цели и резултати.

Компонента 1 – Практични обуки за невработените лица

Под-компонента 1.1 – Практикантство како поддршка за вработување на младите луѓе на возраст до 29 години

Целта е да се подобрат перспективите за вработување на младите луѓе, при што се одразуваат тековните потреби на пазарот на трудот. Поконкретно, невработените лица до 29 години ќе бидат вклучени во програмата за практикантска работа со цел на стекнување на прво работно искуство.

A 1.1: Избор на работодавачи

A 1.2: Избор на учесници (практиканти) и потпишување на договори за практикантство

A 1.3: Имплементација на договори за практикантство

Под-компонента 1.2 – Обуки за вештини побарувани од познат работодавач

Целта е да се обучуваат невработените лица за специфични професионални вештини кои одговараат на потребите на работодавачите, со цел да ги подобрат своите перспективи за вработување и да станат вработени. Поконкретно, невработените лица со ниски или ирелевантни вештини ќе бидат вклучени во обуки за вештини барани од страна на одредени работодавци.

A 2.1: Избор на работодавачи

A 2.2: Избор на невработени лица и медијација согласно барањата на работодавачите

A 2.3: Потпишување на договори

A 2.4: Имплементирање на обуки

Компонента 2 – Обуки за општи вештини

Целта на оваа компонента е да им помогне на невработените лица да добијат меки вештини кои ќе им помогнат да се подобри нивната конкурентност на пазарот на трудот.

Следните обуки за општи вештини ќе бидат организирани за подобрување на можностите за вработување на невработените лица:

  • Обуки за вештини за странски јазици – основни и напредни курсеви;
  • Обуки за основни компјутерски вештини – обуки за стандардни компјутерски апликации како што се word processing, работни листови, датабази, складирање и управување со информации, Internet и комуникации преку електронските медиуми (e-mail, мрежни алатки).

A 3.1: Избор на тренинг провајдери и креирање на каталог за обуки

A 3.2: Избор на лица на обуки и издавање ваучери

A 3.3: Имплементирање на обуки

Компонента 3 – Обуки за вештини побарување на пазарот на труд

Целта на оваа компонента е да ги обучи долгорочно невработените лица за професионални вештини барани на пазарот на трудот.

Следните обуки за вештини кои се бараат на пазарот на труд ќе бидат организирани за подобрување на можностите за вработување на невработените лица:

  • Обуки за напредни компјутерски вештини (JAVA и MCSD);
  • Обуки за професионални вештини барани на пазарот на труд врз основа на резултатите од Анализата за потребните вештини на пазарот на трудот на АВРМ.

A 4.1: Избор на тренинг провајдери

A 4.2: Избор на лица на обуки и потпишување на Изјава за согласнот за учество

A 4.3: Имплементирање на договори за обуки

Брошура