Секторски работилници “Човековите права на лицата со хендикеп”

Во периодот од 17 до 20 мај 2017 во Хотел Continental во Скопје се одржаа секторските активности кои ги опфатијате следните теми: “Човековите права на лицата со хендикеп”, “Започни со својот бизнис- создавање на бизнис план” (3 Модула) и работилниците на тема  “Комуникација – алатка за изградба на меѓусебните односи”, “Вовед во комуникациските вештини”, “Комуникациски вештини, форми и појави”, “Комуникациски вештини со одредена цел”, “Со работна комуникација до подобро работно време”.

Во рамките на обуката учесниците добија теоретска основа за креирање на бизнис план, употребата на практични методи за развивање / пренос на бизнис идеите на учесниците во бизнис план, да им овозможи информации за основното законодавство и правилата кои се однесуваат на работата на малите и средните претпријатија (правни и финасиски аспекти на работењето).

Активностите се организираат во рамките на проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој го реализираат партнер организациите Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија и Здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина.

Проектот е финасиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и ЦФЦД / Министерство за Финасии преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПA оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013.